Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска е во ненајавена посета на Киев – прва негова посета на Украина од почетокот на руската воена инвазија, објави Ројтерс.

Advertisements

Новинската агенција објави дека Столтенберг им оддал почит на украинските војници кои загинале борејќи се во војната и ја разгледал оштетената руска воена опрема изложена на централниот плоштад во Киев.

„Киев индепендент“ на својот официјален профил на Твитер објави фотографии од Столтенберг во центарот на украинската престолнина.

Се очекува шефот на НАТО подоцна да има средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Прикажи повеќе