Стивен Џерард се подготвува да ја напушти Саудиска Арабија, тој повеќе нема да биде тренер на Ал-Етифак.

Според пишувањата на медиумите, Џерард спогодбено ќе се раздели со клубот. Легендата на Ливерпул решил да ја напушти клупата на тимот од лични причини, а клупските челници решиле да ја испочитуваат неговата одлука. Заедно со него клубот од Дамам го напушта и неговиот помошник Мајкл Били.

Џерард во Саудиска Арабија пристигна летото 2023 година, кога ја презеде тренерската функција во клубот. Пред тоа беше тренер на Астон Вила и Глазгов Ренџерс каде ја започна својата професионална менаџерска кариера.

Со оглед на тоа дека се работи за лични причини, можно е 44-годишникот да паузира, па сосема е реално извесно време да не го гледаме на фудбалските терени.

Текстот Стиви Џи спогодбено се раздели со Ал Етифак е превземен од МАКФАКС.