Стеф Кари сезонава игра во неверојатна форма и синоќа го предводеше Голден Стејт до триумф на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс.

Фантастичниот плејмејкер имаше дуел со еден од судиите, откако прво не му беше досудена лична грешка при еден влез. Кари се изнервира и жестоко реагираше кон судијата и очекувано доби техничка грешка. Само кратко потоа Кари погоди тројка и ја прослави со тоа што му „додели“ техничка на судијата.