Москва потврди дека синоќа извршила воздушен напад на украинскиот главен град , кратко по средбата помеѓу украинскиот претседател Зеленски и шефот на ОН Гутереш. Цели како што соопшти руското министерството за одбрана биле производствените згради на ракетната и вселенската индустрија Артем. Една ракета ппогодила и станбен блок во населбата Шевченски , при што загинала украинска новинарка Вера Гирич објави градоиналчникот на Киев, додека Москва не даде коментар за станбениот блок. Спасувачите го пронашле телото на новианрката додека ги пребарувале урнатините. Со нападот на Киев за време на посетата на првиот човек на ОН, Путин испрати порака дека не ја почитува светската организација рече Зеленски.
Advertisements
Тоа зборува многу за вистинскиот приод на Русија кон глобалните институции, за обидите на руските власти да ги понижат Он и сето тоа што оваа организација го преставува. Затоа, неопходна е соодветна силна реакција рече Зеленски.
Украинските власти се надеваат дека денеска ќе ги евакуираат цивилите од огромната фабрика за челик Азовстал во Мариупол, единствениот дел од градот кој не под контрола на руските војници. Цивилите засолнати во Азовстал може слободно да ја напуштат фабриката и да заминат каде сакаат, ,изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Во челичарниците има и украински борци. За да ја напуштат Москва бара да се предадат. Во меѓувреме, Генералштабот на Украинската армија потврди дека во изминатите неколку дена изгубиле неколку градови и села во Донбас, но нагласи дека придобивките на Москва се платени со над 200 убиени руски војници.