Велика Британија не може да ја игнорира заканата што ја претставува Русија, изјави денес британскиот премиер Кир Стармер. Тој за Би-Би-Си изјави дека сите знаат што се случило во Украина пред три години, кога беше прашан дали Велика Британија ќе мора да испрати војници да се борат во иден европски конфликт.
Британскиот премиер го изјави ова пред објавувањето на стратешкиот одбранбен документ, за кој се очекува да повика на поголема подготвеност за борба во модерното војување.
Стармер посочи дека светот се променил и е понестабилен, како и дека постојат поголеми безбедносни закани, што, како што изјави, очигледно има директно влијание врз Велика Британија, пренесува Танјуг.
Тој објасни дека затоа се усвојува стратешки одбранбен документ кој ќе ги опфати предизвиците со кои се соочува Велика Британија и ќе се соочи во блиска иднина. Стармер посочи дека најдобриот начин да се спречи конфликтот е да се одврати.
„Затоа НАТО е толку важен“, заклучи Стармер.