Ова прекрасно пециво одлично оди со ајвар, разни намази, таан, може да се јаде наместо леб, како закуска, како сакате.
Потребно е:
500 гр брашно (тип 500)
200 гр маслинки
1 кесичка сув квасец
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
Подготовка:
Измешајте брашно во сад со квасец, сол и шеќер. Се меси со млака вода за тестото да не биде многу тврдо. Вклучете ја рерната на највисоко.
Распоредете го тестото на набрашнета работна површина и кратко замесете. Направете правоаголник и исечете го на 6 еднакви делови.
Секој од 6-те парчиња развлечете го во стап. Маслинките исечкајте ги на прстени и притиснете ги во стапчињата за убаво да се напикаат. Стапчињата префрлете ги во плех обложен со хартија за печење. Можете да исцедите уште неколку маслинки одозгора само заради вкус.
Стапчињата премачкајте ги со влажна четка за печење за да не се многу брашнести.
Ставете тенџере со вода на дното од рерната за стапчињата да станат крцкави. Печете околу половина час, додека не поруменат. Пријатно!