Израел има должност и законска обврска да ги заштити цивилите на Западниот Брег од насилството на еврејските доселеници и да побара одговорност од сторителите на нападите, порача денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано.
Според Стано, растот на тероризмот извршен од страна на еврејските доселеници на Западниот Брег довел до голем број цивилни жртви поради што припадници на палестинската заедници се принудени да ги напуштат своите домови.
„Ситуацијата може да излезе од контрола и предизвикува неописливо страдање на локалните заедници. Потребни се итни мерки. Израел има должност да ги заштити цивилите на Западниот Брег од насилството на доселениците-екстремисти, да бара одговорност од сторителите и да се погрижи да интервенираат Израелските одбранбени сили. Тоа е законска обврска што мора да се исполни“, додаде Стано.