Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ заедно со руските партнери досега има произведено 1.500.000 дози „Спутник V“ компонента 1 и компонента 2, изјави директорката на овој институт Вера Стоиљковиќ.
Институтот „Торлак“ заедно со државата Србија, Владата и Министерство за здравство со големи напори успеаа да произведат вакцина против Ковид. Самиот факт што мал број фармацевтски компании и воопшто државата успеаа да ја произведат оваа вакцина, дава значење и на нашата куќа и на нашата земја, изјави таа во соопштение.
Стоиљковиќ додаде дека „Торлак“ покрај вакцината против Ковид, непосредно пред сезоната ја дистрибуираше и својата тривалентна вакцина против грип, така што таа е достапна и за граѓаните на Србија во количина од 200.000 дози.
Согласно договорот што го потпишаа со руската страна, до крајот на годинава ќе произведат уште 2.500.000 дози, компоненти еден и два.
Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи, вакцината е одлична, ефикасна, квалитетна, безбедна и навистина од се срце ја препорачуваме за вакцинација – потврди Стоиљковиќ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.