Нов обид да се отвори вратата на авион за време на лет, снимила јужнокорејска авиокомпанија. Главниот актер е 19-годишник кој веќе на почетокот на летот го привлекол вниманието поради неговите црвеникави очи.
Патниците на летот на „Јеју Ерлајнс“ од Себу, Филипини до Сеул ќе го паметат своето патување благодарение на 19-годишникот.
Веќе на почетокот на летот имал црвеникави очи, а по еден час, кога почнал да се однесува чудно, бил преместен во првиот ред од авионот, во близина на излезната врата, каде што персоналот можел да го надгледува.
Тој се пожалил дека чувствува притисок во градите, а во еден момент ненадејно истрчал кон вратата за итни случаи и се обидел да ја отвори, пишува Си-ен-ен.
Меѓутоа, екипажот веднаш го совладал и го врзал до крајот на летот, известија од компанијата, а полицијата соопштила дека бил позитивен на допинг тестот. За околу две недели ќе се знаат деталите за која дрога се работи и за колкава количина.
Кореецот не успеал да ја отвори вратата или да го оштети авионот на друг начин, па никој од 180-те патници не е повреден. Тој веднаш по слетувањето на аеродромот Инчеон во Сеул бил предаден на полицијата.