На Португалија и одговараше реми, а Србите мораше да победат за да одат на Светско, тоа и се случи. Португалија одлично го отвори мечот, уште во втората минута поведоа со гол на Санчез.

Но Србија изедначи во 33. минута со погодок на Тадиќ. И кога се очекуваше мечот да заврши нерешено, Александар Митровиќ погоди со глава за победа на Србија од 2-1.

Србија оди на Светското првенство, а Португалија ќе игра бараж и тие ќе бидат една од шестте селекции кои може да ги добие Македонија.