Србија и Албанија ќе бидат домаќини на Европското првенство за фудбалери до 21 година.
Шампионатот ќе биде отворен на стадионот „Караѓорѓе во Нови Сад“, додека финалето ќе се игра на националниот стадион во Тирана, кој ги исполнува стандардите за финален натпревар од вакво натпреварување.
Бидејќи се одржува во годината пред Олимписките игри, ова ќе биде и квалификациски турнир за Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година, каде место ќе обезбедат најдобрите четири европски селекции.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покажа доверба во Србија и Албанија да организираат многу сериозно натпреварување, на кое ќе учествуваат 16 репрезентации.
Србија ќе биде домаќин во Нови Сад, Лесковац, Лозница и Зајечар, а градови домаќини во Албанија ќе бидат Тирана, Скадар, Драч и Елбасан.
Да потсетиме, овогодинешното издание на ЕП за фудбалери до 21 година го организира Словачка, а титулата ја брани Англија.
Текстот Србија и Албанија домаќини на ЕП за фудбалери до 21 година е превземен од МАКФАКС.