Четириесет и петгодишна жена од Стара Пазова, Србија, го убила својот сопруг со рачка од секира додека спиел, а како што се сомневаат, нејзиниот љубовник и бил соучесник, пишува српски „Блиц“.

Според сосед на убиениот маж од Стара Пазова, жртвата со години живеела со сопругата, која на крајот го убила.

„Таа сакала имотот да ѝ биде префрлен, но тој одбивал. Поради тоа, тие постојано се карале. Таа беше проблематична, а тој беше навистина добар човек“, рекол жител на Стара Пазова.

Ќерката на убиениот човек раскажала дека на судбоносниот ден, нејзиниот татко им испратил порака од мобилниот телефон на колегите на работа, велејќи дека нема да доаѓа на работа.

„Тоа ни беше чудно на сите нас бидејќи татко ми не знаеше да пишува пораки, знаеше само да одговара на повици. Не се појави на работа кога требаше, што значи дека пораката најверојатно ја испратила од телефонот на татко ми, жената убиец“, рекла ќерката на убиениот.

Како што пишува „Блиц“, сопругата на убиениот маж, ноќта помеѓу 17 и 18 јули во Стара Пазова, го удрила својот сопруг неколку пати по главата со дрвена рачка од секира, по што тој починал на местото на настанот.

После тоа, таа повикала маж, за кој постои сомневање дека е нејзин љубовник, а ноќта помеѓу 18 и 19 јули, двајцата го однеле телото на 60-годишникот до полски пат, каде што го оставиле. Предметите со траги од крв ги фрлиле во нива со пченка недалеку од куќата на убиениот.

Фото: принтскрин

Текстот Србинка го убила сопругот со рачка од секира додека спиел: „Сакала да ѝ го префрли имотот“ е превземен од МАКФАКС.