Сандеј Адетунџи со два гола и еден на младинскиот репрезентативец Марко Ѓорѓиевски, Шкупи дојде до убедлива победа во Велес со 3-0 против Борец за 13-ти триумф сезонава.
Академија Пандев се измачи на тешкиот и очаен терен во Струмица за да го победи последниот Пелистер, па Фарук Бихорац со гол на минута пред крајот на асистенција на Мартин Мирчевски донесе нова победа за Пандевци, кои како второпласирани ја завршуваат есенва.
Синдрит Гури беше клучен за Шкендија и победата на тетовскиот тим исто така со 1-0 против Скопје за трето место на повеќе од половина од сезоната.
Македонија ЃП дојде до триумф со 2-1 против Работнички. Арби Воша и Ермедин Адем дадоа два гола за нецел час на Арената, а Милан Ристевски го врати Работнички во мечот, но не успеаа „дебармаалци“ да стигнат барем до бод.
Мечот Струга Трим Лум – Ренова денеска не се одигра и беше одложен поради снегот на теренот и немањето нормални услови за игра, па е презакажан за во вторник од 13 часот, кога и официјално ќе се спушти завесата на оваа есенска полусезона.
Вчера Брегалница победи во Кавадарци со 3-1 за да стигне до четвртото место на табелата и во зависност дали Ренова ќе победи или не, штипјани може да презимат на ова место.
ПРВА ЛИГА, 18. КОЛО (13 ЧАСОТ)
Академија Пандев – Пелистер 1-0 (0-0)
Бихорац 89
Борец – Шкупи 0-3 (0-1)
Адетунџи 20, 70, Ѓорѓиевски 87
Работнички – Македонија ЃП 1-2 (0-1)
Ристовски 62 – Воша 16, Адем 55
Шкендија – Скопје 1-0 (0-0)
Гури 69
Струга Трим Лум – Ренова одложена за 14 декември
ВЧЕРА
Тиквеш – Брегалница 1-3 (1-0)
Каракамишев 13 – Манев 56, Ѓокиќ 70, Алтипармаковски 90+4
ТАБЕЛА: Шкупи 42 бода, А. Пандев 35, Шкендија 34, Брегалница 29, Ренова 27 (-1), Македонија ЃП 27, Струга ТЛ 23 (-1), Работнички 22, Скопје 20, Тиквеш 15, Борец 12, Пелистер 5.