Под слоганот „Спортувај со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија заедно со своите бренд амбасадори иницира спортски натпревари за деца, со цел да придонесе кон создавање на спортска култура од најмали нозе.

По првиот настан во Свети Николе, новиот беше реализиран во Охрид. Минатата година, во Охрид, со донација од Видеолотарија Касинос Австрија, беше реконструирано игралиштето во основното училиште Христо Узунов, на кое може да се игра ракомет, кошарка, фудбал. Децата на ова игралиште, играа ракомет заедно со нашиот бренд амбасадор, Кире Лазаров.

Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Јасно е дека децата мора да имаат простор каде може да уживаат во безгрижно детство, па затоа и одлучивме да го подготвиме овој амбициозен проект низ кој ќе обезбедиме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта на неколку локации во земјата. Покрај создавањето инфраструктура, заедно со нашите бренд амбасадори, со спортски настани низ Македонија, ќе ги поттикнеме децата да спортуваат и да ја негуваат спортската култура.

Со реализација на овие настани, Видеолотарија Касинос Австрија ги остварува општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните.