Бројот на илегални гранични преминувања на надворешната граница на ЕУ во 2023 година достигна вкупно приближно 380.000, според прелиминарните пресметки на Фронтекс.
Ова го означува највисокото ниво од 2016 година и претставува зголемување од 17 отсто во однос на бројките во 2022 година, што укажува на постојан нагорен тренд во последните три години.
Централниот Медитеран беше најактивната миграциска рута кон ЕУ, со две од секои пет илегални преминувања (41 отсто) во 2023 година, по што следат Западен Балкан (26 отсто) и Источен Медитеран (16 отсто).
Сиријци лани извршиле над 100.000 илегални преминувања, што е најголем број меѓу сите националности. По нив следат државјани на Гвинеја и Авганистан. Тие три националности сочинуваат над една третина од сите откриени нелегални преминувања. Статистичките податоци покажуваат дека жените учествувале со 10 отсто од вкупниот број на сите илегални преминувања минатата година, а децата со уште 10 отсто.