Според високи американски претставници, Израел постигна се што можеше во Газа

Израелската војска сериозно го уназади Хамас, но никогаш нема да може целосно да ја елиминира групата, сметаат високи американски претставници кои велат дека континуираните бомбардирања само ги зголемуваат ризиците за цивилите.

Како што пренесува Њујорк тајмс, во многу аспекти, воената операција на Израел направи многу поголема штета против Хамас отколку што предвидуваа американските власти кога започна војната во октомври. Хамас и неговото раководство се значително намалени, Израел ги уништи или ги зазеде патиштата за снабдување од Египет во Газа, а околу 14.000 борци во Газа се убиени или заробени, соопшти израелската војска минатиот месец.

Но, според сегашните и поранешните американски и израелски официјални лица, една од најголемите преостанати цели на Израел – враќањето на приближно 115 живи и мртви заложници кои сè уште се држат во Газа – може да се обезбеди само преку преговори, а не со воена сила, .

Во напорите да се обезбедат преговори за примирје, медијаторите, израелските преговарачи и официјални лица од целиот свет се очекува да се сретнат денеска во Катар за да се заложи за ставање крај на војната во Газа.

Еден од најдоверливите советници за национална безбедност на претседателот Бајден се состана со либански официјални претставници во Бејрут во обид да се избегне војна меѓу Хезболах и Израел.
Сложената улога на Турција во војната во Газа беше целосно прикажана кога претседателот Реџеп Тајип Ердоган се сретна со претседателот Махмуд Абас од палестинските власти.
Во меѓувреме, претседателката на Универзитетот Колумбија, Немат Шафик, поднесе оставка по неколку месеци бес поради нејзиното справување со протестите поради војната меѓу Израел и Хамас.

Драган Мишев