Австрискиот фудбалер Флавиус Данилијук е најмоќен меѓу фудбалерите.
Овој 20-годишен фудбалер на Ница има импресивен физички изглед. Висок е 188 сантиметри, а во телото има само 4,3 проценти масти.
Во споредба со Кристијано Роналдо кој важи за еден од најподготвените спортисти на планетата, тој има седум проценти масти во телото, а просекот на професионалните фудбалери изнесува околу 10 проценти на масти.
Познатиот германски бодибилдер Ралф Молер е импресиониран од ова момче:
„Тој е одличен. Добар е, млад и неговото тело брзо согорува масти. Напорно вежба со тегови, а ги цени и тренинзите за брзина и сила. Ми се допаѓаат неговите мускули“.
Инаку, Флавиус настапувал и за младата категорија на Реал Мадрид и Баерн Минхен, а угледниот „The Guardian“ во 2018 година го смести меѓу 60-те најголеми таленти.
Австриецот во 2020 година одлучил да премине во Ница за да има повеќе простор во сениорскиот фудбал. Неговата вредност моментално изнесува седум милиони евра, а го следи и лондонски Вест Хем.