Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека припадници на Специјалната антитерористичка единица во Јагодина го убиле Саша Милосављевиќ (48), кој синоќа уби едно лице, а друго тешко рани.

Дачиќ објави и дека при обидот за апсење, Милосављевиќ пукал во специјалците.

Пукањето се случило вчера околу 18.00 часот во кафeaна, пришто едно лице е убиено, а друго е рането. Напаѓачот бил во бегство, но подоцна бил пронајден и совладан од полицијата.

 

Текстот Специјалците го ликвидираа убиецот од кафеаната во Србија, пукал и кон нив при апсењето е превземен од МАКФАКС.