По земјотресот што го погоди Мјанмар, неколку земји испратија спасувачки тимови да помогнат во потрагата и спасувањето.

Кина вчера испрати спасувачки тим од 82 члена во Мјанмар, а друг тим во трговскиот центар Јангон.

Хонг Конг денеска испрати тим од 51 член, со кучиња трагачи, специјализирана опрема и уреди за откривање живот.

Индиски хуманитарен авион слета во Мјанмар со тим за пребарување и спасување, комплети за хигиена, ќебиња и пакети со храна.

Малезиското Министерство за надворешни работи соопшти дека испраќа тим од 50 луѓе.

Други земји кои испратија спасувачки тимови се Филипините, Виетнам, Индонезија, Ирска, Јужна Кореја и Нов Зеланд.

Текстот Спасувачки тимови од целиот свет пристигнаа во Мјанмар е превземен од МАКФАКС.