Четворица заложници киднапирани од музичкиот фестивал Нова на 7 октомври се спасени од израелската војска, додека болниците во Газа известуваат за голем број загинати во израелските напади.
Како што пренесува Би-би-си, ослободените се Ноа Аргамани (26), Алмог Меир Јан (22), Андреј Козлов (27) и Шломи Жив (41).
Израел вели дека спасувањето било спроведено среде бел ден, под силен оган, во две одделни згради во Нусејрат, централна Газа.
Многу луѓе, меѓу кои и деца, се убиени и повредени во областа каде што се одвивала операцијата. Хамас тврди дека повеќе од 200 Палестинци загинале, но бројките не се од медицински извори.
Веста за спасувањето беше објавена со гласен звучник на израелските плажи и се прославуваше на улиците на Тел Авив.
Драган Мишев