Иако и трчањето и долгите тренинзи во вежбалница се одлични поради повеќе причини, и суперкусите ИТИ (интензивни тренинзи со интервали) дефинитивно може да играат улога во тоа да бидете посилни и поздрави од кога било. Според испитувањата на Општата болница во Масачусетс (САД), може да го подобрите Вашето здравје и кондицијата со само 12 минути понапорно вежбање.
Истражувачите тврдат дека ова е поврзано со корисните промени во нивото на „метаболитите“ во телото за време и по кратки вежби со висок интензитет, кои се, едноставно кажано – нуспроизводи на вашиот метаболизам.
За да се процени и испита ова, од 411 мажи и жени било побарано да направат 12 минути интензивно вежбање, а нивните метаболити биле измерени пред и веднаш по тестот на крвта. Од примероците после вежбањето, истражувачкиот тим открил „поволни промени во многу метаболити за кои претходно се покажа дека се нивоа одмор поврзани со кардиометаболичките заболувања“.
На пр., по само 12 минути вежбање со висок интензитет, тоа довело до неверојатни 29 отсто пад на нивото на глутаматот – „клучен метаболит поврзан со срцевите заболувања, дијабетес и намалена долговечност“. Нивото на ДМГВ – метаболит поврзан со зголемена опасност од дијабетес и заболување на црниот дроб, паднал за исто толку импресивни 18 отсто.
Јасно е дека покусите, но напорни тренинзи навистина можат да направат многу за Вашето здравје, а и постојаниот тренинг на овој начин има потенцијал да Ве одржува во најдобра физичка форма подолго време.
Исто така, има многу повеќе специфични „локални“ придобивки. На пр., поинтензивниот тренинг го прави вашиот срцев мускул поефикасен, бидејќи како резултат на тоа „Ви треба помалку кислород за да ја извршите истата вежба“. Не само што ова има позитивно влијание врз целокупното здравје на срцето, туку значи и дека ќе можете да напредувате побрзо отколку што тоа би го правеле со подолги периоди на вежбање со низок или умерен интензитет.
Мускулите низ телото, исто така, ги чувствуваат ефектите, а зајакнувањето на митохондриите на мускулните клетки Ви помага да изградите мускули побрзо, да работите подобро и да ги постигнете најголемите можни здравствени придобивки во најбрз можен рок.