Ноќеска во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во с.Стајковци, скопско, Г.Р.(71) од Скопје, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Текстот Со четирицикл удрил во ѕид од куќа: тешко повреден скопјанец е превземен од МАКФАКС.























