Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“ е превземен од МАКФАКС.