Прочитајте на кои се природни начини можете да се ослободите од темните кругови околу очите.

Ако имате темни кругови околу очите, овие природни маски и облоги ќе ви помогнат да се справите со нив. Се разбира, за се е потребно време. Бидете трпеливи и резултатите ќе дојдат.

Млеко

Овој напиток има фантастична способност да ја избелува кожата, па затоа е идеален за отстранување на темните кругови околу очите. Натопете памукче во млеко, оставете да се исцеди вишокот течност, а потоа нежно тријте ја кожата околу очите. Оставете да делува половина час, а потоа исплакнете со топла вода.

Ананас

Растворете бебешка пудра во малку вода и мешајте додека не се добие паста. Додадете свежо исцеден сок од ананас, претходно изладен во фрижидер и добро измешајте. Нанесете ја пастата на пределот околу очите и држете петнаесет минути. Оваа процедура се применува два пати неделно, а уште подобри резултати се постигнуваат ако свежо исцеден сок од лимон внимателно се нанесува на пределот околу очите по облогите, наведува „sanportal.info“.

Бел слез

Направете смеса од 15 гр камилица и 10 гр корен од бел слез и 10 гр корен од сладок корен, па прелијте со 2 дл вода. Ставете на шпорет и кога ќе зоврие оставете да се динста неколку минути, а потоа изладете и процедете. Натопете памукчиња со млакиот чај и намачкајте ги очните капаци. После тоа, ставете ги растенијата во газа и држете ги на очните капаци десет минути. Извадете ги облогите и измијте се со чајот.