Денеска во 01.50 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од с.Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Текстот Со возило удрен пешак во Струшко, со тешки повреди пренесен на клиника е превземен од МАКФАКС.