Пешак бил удрен од автомобил синоќа во Велес, пришто се здобил со тешки телесни повреди.
Се работи за 71-годишен велешанец, додека автомобилот го управувало 28-годишно момче од градот.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена синоќа на крстосницата од улиците Алексо Демниевски, Вардарска и Наум Наумовски.
Пешакот е префрлен во општата болница во Велес. Извршен е увид.
Текстот Со автомобил удрен пешак во Велес, пренесен во болница е превземен од МАКФАКС.