Софија Вергара го помина дочекот на Новата 2025 година во Париз, придружувана од нејзиниот син Маноло. Таа на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на кои се гледа атмосферата на прославата.
Вергара за оваа посебна пригода избра елегантен долг црн фустан со нагласено деколте, додека Маноло, се одлучи за класичен стил и облече црн костум.
„Среќна Нова Година од Париз со мојот единствен“, напиша актерката под една од објавите.
Обожавателите ја опсипаа со честитки и комплименти.
Вергара подоцна сподели групна фотографија од друштвото кое слави со неа. „Минатата ноќ беше многу забавна“, додаде таа во описот.
Текстот Софија Вергара ја дочека Новата година во Париз е превземен од МАКФАКС.