Во Вашингтон за денеска е најавен состанок на министрите за финансии на Групата 20 најразвиени индустриски земји во светот и земјите во развој. Средбата ќе се фокусира врз состојбата на глобалната економија, последиците од војната во Украина и вакцините против ковид-19. Од овој состанок, како што е соопштено, нема да има конечна декларација со заеднички цели, но војната на Русија во Украина, како што се додава, немало да остане без коментар. Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека ќе прескокне некои сесии на Г-20 во знак на протест поради рускиот напад врз Украина и ќе ги повика членките на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка да го зголемат притисокот врз Москва.

Advertisements

Одлуката на Јелен да избегне некои седници на кои ќе има руски официјални лица го нагласува ставот на САД дека Русија треба да биде исклучена од глобалните финансиски институции поради нејзината инвазија, велат претставници на американското Министерство за финансии. Рускиот министер за финансии Антон Силуанов може да присуствува на некои делови од состанокот на Г-20, велат американските претставници, повторувајќи ги неодамнешните коментари на Јелен дека за Русија повеќе не може да биде „како и обично“ во Г-20 и другите меѓународни институции. Вашингтон и неговите сојузници дополнително ќе продолжат со консултации за санкциите наметнати против Русија, со фокус врз спречување на избегнување на санкциите наметнати претходно.

Прикажи повеќе