Скопското обвинителство победе постапка против 18-годишно момче за инцидентот што се случи синоќа во Чаир.
Од тука информираа дека постапка ќе се води и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата.
Оружениот инцидент што завршил со боксови и нож, почнал со вербална сообраќајна расправија, меѓу 18-годишникот и неговиот татко од една страна и малолетник од другата страна.
Од прибраните докази постои сомневање дека расправијата прераснала во физичка пресметка, во која таткото и синот со употреба на физичка сила, клоци и тупаници го нападнале малолетното дете. Во тој момент детето извадило нож со кој им нанело повеќе убодни рани по телото на осомничениот и неговиот татко. Осомничениот успеал да му го земе ножот на детето и го прободел во градниот кош.
Тројцата се повредени, при што малолетникот и таткото се хоспитализирани со тешки телесни повреди. Полесни се повредите кај сега осомничениот 18-годишник, за кого јавниот обвинител веќе побара да се определат мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со малолетното дете кое го повредил.