Вчера во 12.40 часот, на крстосница од ул.„Галичица“ со ул.„8 Септември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки управувано од 21-годишната Е.М. од Охрид и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(50) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Текстот Сообраќајна несреќа помеѓу возило „киа“ и мопед во Охрид: тешко повредена 50-годишна жена е превземен од МАКФАКС.