Манчестер Јунајтед уште еднаш викендов ги разочара своите навивачи откако беше поразен од тимот на Лестер со 4-2.
Поради ова на удар е тренерот Оле Гунар Солскјер на кој му се ниша работата како менаџерна „црвените ѓаволи“. Тој се огласи по новиот неуспех и порочи каде го гледа проблемот.
„Играта не беше воопшто добра и мора да го разгледаме целокупното однесување на тимот. Играчите треба да се погледнат во огледало, бидејќи јас веќе го направив тоа и да одговорат соодветно на она што се случи“, изјави Норвежанецот и се осврна за капитенот:
„Мегваер е важен играч за нас, тој е нашиот капитен. Работеше напорно со физиотерапевтите и немаше лоша реакција, па решив да ризикувам. Некогаш функционира, некогаш не. Откако примивме четири гола, сега ми е јасно дека донесов погрешна одлука“