Снег утрово интензивно паѓа во поголем дел од Република Српска, што предизвикува бројни проблеми во сообраќајот.

Сообраќајот е во прекин за сите товарни возила, на сите делници од автопатиштата во Република Српска во период од 24 часа.

Поради попречено товарно возило, во прекин е сообраќајот на автопатот 9 јануари на делницата Прњавор-Добој, во Штрпцe, како и на регионалниот пат Станари-Добој во градот Доња Остружња, јавува РТРС.

Текстот Снег интензивно паѓа, сообраќајот се одвива отежнато во поголем дел од Република Српска е превземен од МАКФАКС.