Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен картон на Џуд Белингем на натпреварот Осасуна-Реал Мадрид, ги оневозможи коментарите на Инстаграм бидејќи почнал да добива смртни закани.

За потсетување, натпреварот заврши 1:1 по головите на Килијан Мбапе за Реал и Анте Будимир за Осасуна. Реал од 39. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Џуд Белингем.

На англискиот репрезентативец му беше покажан патот во соблекувалната по пцовките упатени до главниот судија, но од Реал тврдат дека Белингем бил погрешно протолкува од судијата, бидејќи не го разбира добри англискиот јазик.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти ги учеше новинарите на разликата помеѓу изразот „да ти е.ам“, што го употреби Белингам и „е.и се“, за кој судијата мислеше дека Белингам го кажал и за кој му дал црвен картон.

Тој црвен картон дополнително ги налути навивачите на Реал Мадрид кои исто како и клубот веруваат дека намерно им се нанесува штета за време на натпреварите во шпанското првенство.

Некои од нив претераа и почнаа да му се закануваат на судијата со смрт.

Според „Мундо Депортиво“, на Инстаграм профилот на судијата Монуера биле испратени илјадници вербални закани. Некои од нив имале емотикони од свињи и стаорци, но некои вклучуваа и закани кон него и неговото семејство.

Текстот Смртни закани упатени кон судијата Монуера Монтеро и неговото семејство е превземен од МАКФАКС.