Од амбасадата на Обединетото кралство на Конференцијата се обрати вршителката на работите, Џулија Смит која на почетокот од обраќањето потсети дека минатата сабота се одбележаа две години од нелегалната целосна инвазија на Русија на Украина. Оваа неиспровоцирана и неоправдана агресија нанесе огромен данок врз народот на Украина кој ги крши меѓународното право и човековите права со овој варварски напад врз суверена демократска држава.И покрај тоа, нагласи Смит, народот на Украина продолжи да издржува се што е фрлено врз нив. Но по огромна цена. Светот знае што е тука во прашање.
Таа смета дека доколку Путин успее да одземе територија од друга суверена држава на ОН, другите ќе забележат, а светскиот поредок ќе стане уште понестабилен.
Путин не победува. Две години во војна за која погрешно мислел дека ќе трае со денови. Колку подолго трае, толку повеќе страдаат луѓето од Украина и Русија. Војната може да заврши денеска доколку тој се повлече, категорична е Џилија Смит.
Според неа, во време на таква опасност и неизвесност во светот, не можеме да се изолираме од овие кризи. Нашиот одговор треба да биде сила, издржливост и единство. Треба да ја изградиме нашата одбрана, да останеме блиски со нашите најсилни пријатели и партнери и да допреме до нови сојузници.
Смит понатаму нагласи дека Обединетото Кралство, заедно со Северна Македонија, сојузниците во НАТО и другите беа решителни во својата поддршка за Украина и ќе продолжат да бидат така онолку долго колку што е потребно.
Ако не ја продолжиме нашата поддршка за Украина, постои многу реален ризик дека меѓународниот систем заснован на правила на кој се потпира голем дел од нашата безбедност и просперитет, ќе биде неповратно оштетен, вели Смит.
Таа посочи на фактот дека Обединетото Кралство сега обезбеди речиси 12 милијарди фунти воена, хуманитарна и економска поддршка за Украина и често беше првиот што ја носи виталната воена помош. Невоената поддршка на Обединетото Кралство за Украина од почетокот на инвазијата изнесува 4,7 милијарди фунти. Ова вклучува 4,1 милијарди фунти фискална поддршка и над 660 милиони фунти билатерална помош. Последниот пакет од 2,5 милијарди фунти го објави премиерот Риши Сунак во јануари оваа година.
Го воведовме најголемиот и најтешкиот пакет санкции што некогаш биле наметнати на Русија или на која било голема економија. И сега санкциониравме над 1700 поединци и ентитети од целосната инвазија на Путин на Украина на Путин, вели Смит.
И покрај тоа што многу земји и дадоа поддршка на Украина, таа смета дека оваа поддршка немаше да брои ништо да не беше извонредната храброст на украинскиот народ и нивната чиста решеност да се осигура дека нема да подлегне на тиранијата.
Отпорноста и цврстината на народот и вооружените сили на Украина се инспирација за сите членови на слободниот свет, нагласи на крајот од своето обраќање вршителката на должност во Амбасадата на ОК, Џулија Смит.