Директорот на Клиниката за детски болести, д-р Реџеп Мемеди информира дека согласно законот се превземени сите мерки во врска со тврдењата на родителите на четиримесечното доенче за искажување навреди кон нив и нанесување телесна повреда на доенчето од страна на една медицинска сестра во клиниката.
„Mинистерот за здравство Д-р Арбен Таравари заедно со директорот на Клиниката за детски болести Д-р Реџеп Мемеди синоќа беа во посета во домот на пациентот, каде од блиску видоа и се запознаа со случајот. Родителите, и покрај тоа што се многу задоволни од стручниот третман и грижа на бебето од страна на здравствениот персонал на одделот каде престојувало доенчето- после што бебето има видно подобрена здравствена состојба, сепак тврдат дека сенка фрлило нестручното однесување на една медицинска сестра.
Веднаш е започната процедура за формирање комисија која ќе биде задолжена да го разгледа случајот до крај и да донесе заклучоци согласно законските прописи и етичките норми.
Универзитетската клиника за детски болести, преку обезбедување соодветна професионална медицинска нега,останува посветена да се грижи за здравјето на сите деца- нашите најмили и нема да дозволи да, било чие индивидуално непрофесинално и неетичко однесување кон пациентите, фрли сенка врз угледот на нашата институција“, соопштија од Детска клиника.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.