Во Словенија денеска се одржуваат деветите парламентарни избори од осамостојувањето на државата, на кои учествуваат 20 партии, пет помалку од пред четири години, а 1 464 кандидати се борат за 88 од 90 пратенички места во Државниот збор (Парламентот).

Advertisements

Уште пет кандидати се борат за две места резервирани за припадниците на италијанското и унгарското национално малцинство кои имаат посебни кандидатски листи и по едно загарантирано место во Парламентот.

Според Државната изборна комисија (ДВК), кандидатски листи во сите осум изборни единици поднеле сите парламентарни партии – СДС, ЛМШ, СД, Левица, НСи, САБ, ДеСУС, СНС и движењето Поврзи ја Словенија, чиј дел е и коалициската партија Конкретно.

Прикажи повеќе