Владата на Словачка размислува да воведе данок на засладените безалкохолни пијалоци и може да го зголеми данокот на тутунските производи како дел од пакетот за консолидација на буџетот од 1,4 милијарди евра за 2025 година, изјави денеска премиерот Роберт Фицо.
Буџетскиот дефицит на Словачка оваа година би требало да надмине шест отсто од БДП и да биде најголем во еврозоната поради значително повисоките државни трошоци.
Владата им помага на граѓаните со високи сметки за енергија и ги зголеми пензиите.
Целта е да се заштити економијата и животниот стандард на 5,4 милиони граѓани, според ветувањето на новата Влада која стапи на функција на крајот на минатата година.
Буџетските планови за следната година сигнализираат забрзано темпо на намалување на дефицитот во буџетот. рп/
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.