Француската аукциска куќа „Хотел Друо“ ќе ја понуди на продажба сликата „Портрет на жена со цветен шешир“ на Пабло Пикасо, посветена на неговата партнерка Дора Мар и насликана во јули 1943 година. Делото, масло на платно со димензии 80×60 см, се проценува на околу осум милиони евра, но се очекува цената да порасне на аукцијата закажана за 24 октомври.

Сликата се наоѓала во сопственост на истакнат француски колекционер, дедото на сегашните наследници, и никогаш досега не била јавно изложена. Според експертите, ова е едно од ретките дела кое претставува клучен момент во уметноста на Пикасо – создадено во време кога тој ја напуштал Дора Мар поради помладата Франсоаз Жило.

Автентичноста на портретот е потврдена, а досега била позната само преку архивски фотографии и каталози.

Текстот Сликата со тажна приказна од Пикасо излегува од сенка: портретот на Дора Мар на продажба е превземен од МАКФАКС.