Вчера во 16.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од булевар „Партизански одреди“ и булевар „8 Септември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, управувано од А.Ф.(32) од село Мала Речица, тетовско и велосипед управуван од А.М.Т.(60) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М.Т., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Текстот Скопјанка со тешки повреди пренесена во болница: во неа удрил „форд“ додека возела велосипед е превземен од МАКФАКС.