Во СВР Скопје вчера во 10.30 часот е пријавено дека во стан на подрачјето на Бит Пазар пронајдена е почината М.Ш.(65) од Скопје.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција, соопшти полицијата.
Текстот Скопјанка пронајдена почината во стан на Бит Пазар е превземен од МАКФАКС.