Минатата недела во престижната сала Sporting Monte Carlo во Монако се одржа финалето на 21. избор за Top Model International 2025, на кој победи нашата претставничка, 15-годишната Лара Станчева ученичка во средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје.

Таа овој успех го направи во конкуренција на 59 девојки учеснички од целиот свет.

Лара е член на Модното студио Црнокрак, од кое добивме информации во врска со овој интернационален избор за модели, на кој Македонија за прв пат имаше свои претставници.

Првично од преку 10.000 кандидати, пријавени онлајн од целиот свет се избраа 5.000 од 35 националности, кои беа на кастинг во повеке градови во Европа. На кастингот во Париз, Лара беше избрана за полуфинале во Брисел заедно со 450 кандидати. И таму Лара одлично се претстави и влезе во финалето, меѓу најдобрите 111 девојки, од кои 52 беа во конкуренција на модели и 59 во конкуренција на фотомодели.

Финалето се одржа во престижната сала Sporting Monte Carlo, а Лара Станчева победи во конкуренција на фотомодели.

Кај машките победник е Matteo Mergny од Белгија, а Македонија ја претставуваше Димитар Димоски кој имаше најголем број гласови од public voting и во Брисел ја освои наградата фотосесија во Saint Tropez.

Во конкуренција на модели победи Emma Demay од Франција, а кај машките претставникот на Италија Federico Rossini.

За победата Лара доби учество во два големи проекти, две големи кампањи за светски познати модни брендови, за кои снимањата во наредниов период ќе бидат во Маракеш, Мароко и на Малдивите.

Текстот Скопјанката Лара Станчева победи на Top Model International 2025 во Монако е превземен од МАКФАКС.