Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17.40 часот во Скопје го лишиле од слобода П.Ј.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, со остар предмет упатувал закани на неговата 40-годишна сопруга.

Тој бил во бракоразводна постапка со жената.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.

Текстот Скопјанец со нож ` се заканувал на сопругата е превземен од МАКФАКС.