Кевин Де Бујне (33), еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот и легенда на Манчестер сити, на крајот од сезоната ќе го напушти клубот како слободен играч, објави „Скај Спорт“.

Белгиецот кој во Сити пристигна во 2015 година за 76 милиони евра, одби да го продолжи договорот со клубот. Де Брујне одигра 409 натпревари за Сити, постигна 105 голови и забележа 173 асистенции. Со клубот освои шест титули во Премиер лигата, два ФА купа, пет Лига купови и во 2023 толку посакуваната Лига на шампиони.

Иако Де Брујне и понатаму е еден од најдобрите играчи во светот, се чини дека Пеп Гвардиола решил да тргне во насока на подмладување на тимот. Белгиецот во јуни ќе наполни 34 години, а во последно време често го мачат повредите.

Според последните информации тој би можел да ја продолжи кариерата во МЛС. Сан Диего новиот клуб во лигата, наводно е во напредни преговори со белгискиот играч за врска. Американскиот клуб му нуди статус на ѕвезда и улога на клучен играч во првата сезона во МЛС.

Текстот Скај Спорт: Кевин Де Брујне го напушта Манчестер сити е превземен од МАКФАКС.