Македонската кошаркарска репрезентација утре со почеток од 19 часот и 30 минути во СЦ „Јане Сандански“ силите ќе си ги одмери со актуелниот светски првак, Шпанија во првото коло од квалификациите за Светското првенство 2023.
Шпанците нема да настапат со НБА ѕвезди и кошаркари од Евролигата, но ќе имаат силен состав предводен од играчи кои подолго време бележат настапи во европските клупски натпреварување.
Дванаесетте Шпанците кои ќе истрчаат на теренот во се: Дарио Бризуела (Андора), Квино Колум (АЕК Атина), Алберто Диаз (Уникаха), Дани Диез (Бургос), Џејми Фернандез (Уникаха), Фран Гуера (Тенерифе), Џаби Лопез-Аростеги (Валенсија), Џоел Пара (Хувентуд), Дани Перез (Манреса), Џејми Прадила (Валенсија), Жоан Састре (Тенерифе) и Јанкуба Сима (Манреса).
Од првичниот состав отпаднаа: Виктор Артеага (Андора), Џонатан Бареиро (Уникаха), Ориол Паули (Андора), Мигел Салво (Гран Канарија).