Кеш Пател, кој неодамна беше номиниран од новоизбраниот претседател Доналд Трамп за директор на американското ФБИ, бил информиран од бирото дека бил цел на иранско хакирање, изјавија за Си-Ен-Ен два извори запознаени со ова прашање.

Се верува дека хакери пристапиле до барем дел од комуникациите на Пател, според еден од изворите.

Портпаролот на Трамп, Алекс Фајфер, одби да коментира конкретно за ситуацијата со хакирањето во изјава за Си-Ен-Ен.

Текстот Си-Ен-Ен: Кеш Пател, кандидатот на Трамп за директор на ФБИ, бил цел на ирански хакери е превземен од МАКФАКС.