Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска објави дека некои лидери на НАТО сакаат Украина да ја продолжи војната против Русија „не само до последниот војник, туку и до последниот млад човек“.

По денешниот состанок на НАТО зад затворени врати во Брисел, тој изјави дека барањата на Алијансата Украина да го намали старосниот праг за нови регрути се „шокантни и крајно опасни“.

Наместо да ја намалиме старосната граница за регрутација, транспорт на оружје и обука, треба да зборуваме за мир, прекин на огнот и преговори“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Текстот Сијарто: Некои лидери на НАТО сакаат војна до последната украинска младина е превземен од МАКФАКС.