Манчестер сити се наоѓа во серија од четири порази во сите натпреварувања, што на клубот никогаш не му се случило во ерата на Пеп Гвардиола. Тренерот потенцира дека нема причина за паника, но јасно е дека во клубот е вклучен алармот.
Манчестер сити, на почетокот на сезоната остана без Родри. Без актуелниот освојувач на Златната топка видливо е дека Сити нема добар баланс во тимот. Како што сега стојат работите, Сити ќе се активира во јануарскиот преоден рок. Нивна цел е еден фудбалер.
Шпанските и англиските медиуми истакнуваат дека Сити повторно стапил во контакт со менаџерите на Мартин Зубименди за да ги информираат дека сакаат да ја активираат неговата откупна клаузула.
Засега не е познато дали Зубименди се предомислил, бидејќи во летниот преоден рок тој ги одби понудите на Ливерпул, Арсенал и Барселона, истакнувајќи дека нема намера да го напушти Реал Сосиедад.
Неговата откупна клаузула е 60 милиони евра и Сити е подготвен да ја плати во јануари, но прво треба да добие позитивен одговор од Зубименди.
Зубименди го замени Родри и во шпанската репрезентација кога се повреди во финалето на Европското првенство. Отсуството на Родри, во второто полувреме, воопшто не се почувствува во играта на Шпанија во финалето против Англија.
Текстот Сити чека одговор од Зубименди, сака да го ангажира во јануари е превземен од МАКФАКС.