Ерлинг Халанд (24) ќе отсутвува најмалку еден месец во чувстилениот дел од сезоната, кога неговиот тим се бори за пласман во Лигата на шампионите и трофејот во ФА купот. Норвешкиот напаѓач, со помош на патерици го напушти стадионот „Виталити“ во Бормут, во неделата.

„Манчестер сити може да потврди дека Ерлинг Халанд заработи повреда на левиот скочен зглоб. Норвешкиот напаѓач се повреди за време на четвртфиналето на ФА Купот во неделата на гостувањето кај Борнмаут. Ерлинг ги имаше првите лекарски прегледи во Манчестер во понеделникот наутро и сега ќе побара стручно мислење за да се утврди степенот на повредата. Се очекува Ерилнг да биде подготвен за финишот на сезоната и дека ќе настапи на Светското клупско првенство. Сите во клубот му посакуваат брзо закрепнување, а клубот редовно ќе известува за напредокот на неговата рехабилитација“, пишува во клупското соопштени.

По натпреварот со Борнмаут медиумите го прашаа Пеп Гвардиола колку е сериозна повредата, но тој тогаш немаше одговор на тоа прашање.

„Го видов на масата за масажа по натпреварот, но не разговарав со него или со докторот. Не знам колку е сериозна повредата”, изјави Гвардиола во неделата.

Халанд оваа сезона постигна 30 гола за Сити на 40 натпревари.

Текстот Сити без Халанд во клучниот дел од сезоната е превземен од МАКФАКС.