Ѕвоната на северната камбанарија на катедралата Нотр Дам во Париз, која пред пет години беше уништена од пожар, вчера одекнаа за првпат.
Оваа нова етапа во реставрацијата на една од најголемите катедрали на Запад, наведена како светско наследство на УНЕСКО, се одржа речиси еден месец пред нејзиното повторно отворање за јавноста на 7 декември.
– Тоа е убав, важен, симболичен чекор – изјави Филип Јост, првиот човек на институцијата одговорна за реставрација на катедралата, кој исто така присуствуваше на настанот.
Тој нагласи дека за првпат по пожарот во април 2019 година, сите ѕвона заѕвониле заедно.
За време на пожарот на 15 април 2019 година, се запали дел од северната камбанарија на катедралата, која мораше да се санира.
За да се стори тоа, осумте ѕвона сместени во оваа кула беа внимателно отстранети, исчистени од оловна прашина и обновени пред да се вратат во првобитната состојба.
Обновените ѕвона беа вратени во катедралата во средината на септември.
Текстот Сите ѕвона на катедралата Нотр Дам повторно заѕвонија за првпат, пет години по пожарот е превземен од МАКФАКС.