Дали некогаш сте се запрашале зошто ги користиме овие два збора заедно?
Оваа фраза е синоним за лицемерно однесување и неискрена тага.
„Рони крокодилски солзи“ – оваа реченица често ја користиме кога некој покажува лажно сочувство и лажна емпатија, а всушност се радува поради нечија несреќа.
Но, зошто „крокодилски“?
Објаснувањето е исклучително интересно: имено, крокодилите се опасни и крволочни предатори, кои секако не плачат поради тагата за своите „жртви“.
Но, крокодилите навистина леат солзи, но не од тага! Како е тоа можно?
Додека го голта својот плен, крокодилот рефлексно фрла големи солзи – односно на овие животни солзите и плунковни жлезди им во близок контакт, што значи дека додека лачи плунка за да го проголта пленот, автоматски му се леат солзи!
Оттука и објаснувањето на оваа појава.